Макрон повторно повика на јакнење на „европскиот суверенитет“

Францускиот претседател Емануел Макрон го повтори во вторникот во своето обраќање во текот на посетата на Холандија повикот од минатата седмица даден од Пекинг, за јакнење на „европскиот суверенитет“.

Во силно очекуваниот говор во холандската престолнина Хаг, Макрон рече дека и пандемијата на коронавируот и војната во Украина јасно порачале дека Европската унија мора да ја намали својата зависност за да го задржи сопствениот и европскиот идентитет..

„Пандемијата и војната токму нѐ втурнаа во ситуацијата да откриеме дека мораме да ја намалиме својата зависност доколку сакаме да го зачуваме европскиот идентитет. Тоа значи дека мораме да можеме да ги избираме своите партнери и да ја кроиме сопствената судбина, а не да бидеме, како што би рекол, неми сведоци на драматичната еволуција на овој свет“, реле Макрон.

Тоа може да се постигне, оцени натаму францускиот претседател, преку „соработката во согласност со нашиот дух на отвореност и партнерство“,

Изјавите на Макрон во текот на дводневната државна посета на Холандија доаѓаат по острите критики на неговите претходно коментари за односите на Европската унија со Кина, САД и Тајван. Макрон минатата седмица во Пекинг изјави дека ЕУ би требала да го избегнува вмешувањето во судирот на Кина и САД околу Тајван, како и дека наместо тоа би требало да стане „третиот пол“ меѓу Кина и САД кои се најголемиот и најважен сојузник на Тајван.

Во својот говор од вторникот, Макрон, исто така, поддржа посилна европска индустриска политика насочена на јакнењето на европското производство и намалување на трговските зависности од другите делови на светот.

„Соединетите држави имаат и е силна, Кина ја има. Потребна ни е европска индустриска политика“, рече Макрон.

Францускиот претседател истакна ЕУ во голем дела се ослободила од својата енергетска зависност од Русија по руската инвазија во Украина и тврдеше дека ЕУ треба да продолжи по тој пат.

„Мораме да изградиме нова стратегија која сѐ повеќе ќе ја намалува нашата зависност и ќе изгради повеќе суверенитет во енергетиката“, реле Макрон.

Неговиот говор повремено го прекинуваат демонстранти, што го наведе францускиот претседател да каже дека оние „коишто не ги почитуваат изборниот процес и избраните водачи ја доведуваат демократијата во опасност“.

„Каде е француската дипломатија? Каде ја изгубивме?“, извикувал демонстрант во текот на говорот на Макрон, пренесува Reuters, додека другите од масата извикувале пароли за климатските промени и француската пензиска реформа. Еден од демонстрантите имал транспарент на кој пишувало „Претседател на насилството и лицемерието“.

Макрон неколку минути се надвикуваше со демонстрантите и рече дека дискусијата во општеството е „многу важна“, но дека тоа не е место за протест.

„Гласате и ги избирате луѓето… спротивната страна е дека морате да ги почитувате институциите за коишто гласале луѓето. Оној ден кога ќе помислите ‘Не се согласувам со законот… па можам да правам, што сакам,… ја доведувате демократијата во опасност“, рече Макрон.

Францускиот претседател со сопругата пристигнаа во Холандија во вторникот во прва официјална посета на еден француски челник на Холандија по 23 години.