Макрон повторно повика на созадавање војска на ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон повторно во вторникот повика ја формирање на европска војска којашто би и’ овозможила на Европската унија одбрана, како што заклучува германската новинарска агенција DPA, од наводен напад на Русија, без потпирање на САД.

„Доколку на се решиме за формирање на вистинска европска војска, тогаш навистина не ги штитиме европските граѓани“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за радиото Europe 1.

Макрон претходно го изрази своето мислење за потребата од формирање европска армија во неговиот говор на унивиерзитот Сорбона во септември 2017 година, кога исто така повика на формирање заеднички европски одбранбен буџет.

„Доколку постоела некоја Европска комисија којашто ја истакнала потребата за формирање вистинско тело одбранбено тело на ЕУ, тогаш тоа го стори оваа Комисија“, изјави нејзиниот портпарол Маргаритас Шинас одговарајќи на изјавата на Макрон.

„Мораме да започнеме со другото. И во некој момент …веројатно че го видиме нештотот што луѓето ќе го опишат како европска војска или ќе дојде до здружување на европските средства за одбранбениот идентит на ЕУ да биде повидлив и поосмислен“, додаде Шинас без да прецизира на што се оденуваат овие одредници.

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен, изјави дека Европската унија веќе ги поставува основите за реализација на батрањата на францускиот претседател Емануел Макрон.

„Европската војска да биде создадена во рамките на Европскта унија, а не надвор од неа. Од тие причини пред една година ја создадовме Европската одбранбена линија“, изјави фон дер Лејен во Берлiiн.