Макрон пред европските избори објавува план за „Европска ренесанса“

Францускиот претседател Емануел Макрон жестоко ја брани ткн „нова Европа“ во колумната којашто ќе биде објавена во вторникот во сите 28 земји членки на Европската унија во којашто ја изнесува идејата за „Европска ренесанса“ во пресрет на изборите за Европскиот парламент во мај.

Нарекувајќи ги претстојните избори „решавачки“ и предупредувајќи дека ЕУ е загрозена, неговите зборови се наменети за „будење“ на Унијата на којашто според него ѝ се потребни „фундаментални реформи“.

Колумната се јавува во време на зајакнатите тензии на Западот кој го тресат политиката на американскиот претседател Доналд Трамп „Америка на првото место“, излегувањето на Велика Британија од ЕУ, подемот на крајната десница, евроскептичните, антиестаблишмент и противимигрантските политички групации во западна Европа. Другите закани се детектирани во Русија и Кина.

Целта на предлозите изнесен во текстот во британски The Guardian и германски Die Welt, меѓу другите, е „заштита на одбрана на европските граѓани, со нови поттик за Унијата во смисла на конкурентноста“.

„Европските избори за неколку седмици ќе ја одредат иднината на нашиот континент. Европа од Втората светска војна никогаш не била попотребна, ниту некогаш била позагрозена отколку денес. Национализмот не нуди ништо. Тоа е проект кој одбива“, истакнува Макрон.

Мекрон прелага и основање Европска агенција за заштита на демократијата, чиишто стручњаци би спречувале манипулации и финансирање на европски партии од странство. Предлага, исто така, и оживување на Шенгенскиот простор, основање заедничка гранична полиција и Европско биро за азил.

Во настојувањето да ги увери гласачите во ЕУ да не гласаат за десните суверенистички партии, францускиот претседател ги повикува европските дражви и институции до крајот на годината да дојдат на „Конференција за Европа“. Нејзината цел би била реформи на ЕУ без забранети теми, вклучително и обновување на постојните договори. „Во таква Европа луѓето вистински би ја земале судбината во свои раце, во таква Еропа и Британија би го нашла своето место“, пишува Макрон.