Макрон предупредува на опасноста од распад на ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон во разговор за регионалниот печат објавен во вторникот повторно предупредува на „голамата опасност“ од распаѓање на Европската унија со што го оправдува своето учество во кампањатата за претстојните избори за Европскиот парламент, што опозицијата жестоко го критикува.

Четириесет и едногодишниот француски претседател, кој на должноста стапи пролетта 2017 година, заговара проевропски став и смета дека Европската унија треба да се „реформира“. Во разговорот кој е објавен во четириесеттина регионални дневни весници појаснува зошто не е само „набљудувач, туку и учесник во изборите“.

Емануел Макрон истакнува дека овие избори се „најважните по 1979 година кога Унијата се најде пред голема опасност“. „Доколку како претседател на државата дозволам да се распадне Европа која го изгради мирот и донесе напредок, ќе бидам одговорен пред историјата“, оценува францускиот челник.

Покрај тоа, предлага по изборите да се одржи „европски втемелувачки собор“ на кој ќе учествуваат челниците и граѓаните за „да се утврди стратегијата на Европа во идните пет години, па и измена на договорот“ кои би можеле од тоа да произлезат.

Одговарајќи на прашањето за заштитата на природната околина, Макрон предлага “општо оданочување на керозинот во Европа“.

Францускиот претседател заедно со португалскиот социјалистички челник Антонио Кошта во понеделникот повикаа на „создавање голема коалиција на напредните“ коајшто би се спротиставила на „оние коишто сакаат да ја уништат Европа со национализмот“.

Неговото мешање во кампањата за европските избори, кои оди дотаму што се појавува на предизборниот плакат на неговата партија Републиката во движење (La République en marche – LREM), е критизиран од опозициските партии.

„Емануел Макрон ја злоупотребува претседателската должност и се однесува како водач на клан“, напиша на Twitter носителот на листата на Националниот собир (Rassemblement national – RN), на лидерката Марин Лепен, Жордан Бардела, додавајќи дека тоа е „антирепубликанско и воедно крајно нелојално однесување“.