Макрон сака притисок врз САД и Кина да го „платат својот дел“ во борбата против климатските промени

Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот на маргините на климатскиот собир COP27 во Египет изјави дека сака да создаде притисок врз „богатите неевропски“ земји, особено САД и Кина, за да го платат својот дел од помошта за сиромашните земји соочени со климатските промени.

„Мораме да ги имаме САД и Кина целосно вклучени во прашањето за намалување на емисиите на стакленичките гасови и финансиската солидарност“, изјавил Макрон во Шарм ел -Шејк на средбата со младите Французи и Африканци посветени на климатскиот активизам.

Макрон тврди дека Франција и Европа се на вистинскиот пат во поглед на намалувањето на емисиите на штетните гласови, ни дека големите земји мора побрзо да постигнат карбонска неутралност, пренесува агенцијата AFP.

На дневен ред во Египет ставено е прашањето за „загубите и штетите“, механизмот за отштети на сиромашните земји за справување со последиците од климатските промени, особено поради барањето да се откажат од фосилните горива што го попречува нивниот индустриски развој, а ќе се зборува и за неисполнетото ветување од 100 милијарди долари помош за земјите во развој за зелената транзиција.

Макрон рекол дека „Европејците плаќаат“, но дека тие се „единствените кои тоа го прават“. Поради тоа, „мора да се создаде притисок врз богатите неевропски земји и да им се порача дека пора да го платат својот дел“, заклучил францускиот претседател.