Макрон сака сојуз на Франција, Европа и Кина за „иднината на светот“

LUDOVIC MARIN/AFP/Getty Images

Францускиот претседател Емануел Макрон повика во понеделникот од кинески Ксиан на голем сојуз на Франција, Европа и Кина, во прв ред кога станува зор за климатските промени и кинескиот проект Нов пат на свилата, ветувајќи дека ќе се враќа во Кина барем еднаш годишно.

„Нашите судбини се поврзани. Иднината има потреба до Франција, Европа и Кина. Ние сме сеќавањето на светот. На нас е да одлучиме да бидеме неговата иднина“, рече францускиот претседател Емануел Макрон во 75-минутниот говор во Ксиан, колепката на кинеската цивилизација и прва етапа од неговата турнеја по Кина, каде што пристигна рано утрото во понеделникот, пренесува AFP.

Францускиот на кинескиот претседател Кси Џинпинг во понеделникот вечерта и во вторникот во Пекинг ќе му предложи да „даде залет на битката за климата“ со „зголемување на преземените обврски“ во тој поглед, на меѓународната климатска конференција во Полска којашто е закажана кон крајот на годинава.

Макрон смета дек Франција и Кина мора да го преземат водството во оваа сфера, откако САД се повлекоа од Парискиот климатски договор. Во тој контекст, најави дека во периодот на 2018 и 2019 година ќе организира „француско-кинеска година на еколошка транзиција“.

„ез одлуката Кина да не се откаже, Парискиот договор не би ја преживеал“ американската одлука, рекол Макрон истакнувајќи дека сепак Кина и натаму е најголемиот загадувач на атмосферата со гасовите коишто го предизвикуваат ефектот на стаклената градина.

„Кина го одржа зборот. Покажавте дека вашата свест и вашето големо чувство за одговорноста се вистинити. Кој би можел и да помисли пред неколку години дека Кина ќе ја има силата на светски придвижувач“ во ова област, додал францускиот претседател.

Оваа соработка „ќе му покаже на светот дека Французите и Кинезите се способни да направат нашата планета повторно да биде голема и убава“, додал Макрон повторувајќи го истото и на кинески јазик.

„Франција длабински се менува и со неа Европа се врача за да ја изгради урамнотежената соработка со Кина“, рекол Макрон повикувајќи јасно да се дефинираат „секторите во коишто може да соработуваме и да ги отвориме своите пазари и оние во кои тоа не сакаат да го сторат“.

Исто така, изразил желба за „напредок“ на големиот кинески проект „Нов пат на свилата“, кој Кина го започна во 2013 година за да ги зајакне трговските врски со Евроазија. „Сакам Франција и Европа (…) да одговорат на повикот на Кина“, рекол Макрон.

Францускиот челник, додал дека, сепак, Патот на свилата никогаш не бил чисто кинески, туку дека по морето, во прв ред, бил португалски, додека на копното преминувал низ централна Азија. „Не сакам да ги преобразам во европски патишта, но тие се заеднички и не можат да бидат еднозначни“, истакнал Макрон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.