Макрон: Терористите нема да ја поделат Франција

12

Мажот, кој го уби средношколскиот наставник бидејќи на учениците им покажувал карикатури на пророкот Мухамед, ја „гаѓал“ слободата на изразување, изјави синоќа францускиот претседател Емануел Макрон при посетата на местото на нападот во париското предградие Конфлан Сент-Онори.

– Еден граѓанин е убиен бидејќи бил учител и ги учел децата за слобода на говор. Цела земја стои зад сите учители. Терористите нема да ја поделат Франција – истакна Макрон, опишувајќи го нападот како „исламистички тероризам“.

Мажот кој вчера беше обезглавен во преградие на Париз беше наставник по историја во средно училиште, кој на час им покажувал на учениците карикатури на пророкот Мухамед. Полицијата го застрела напаѓачот, а француските медиуми објавија дека осомничениот е 18-годишен Чеченец, роден во Москва. Информацијата засега се уште не е потврдена.

Четири лица, меѓу кои и малолетник, се приведени поради терористичкиот напад во Франција. Уапсените се роднини на напаѓачот, кој го уби учителот.

Полицијата го претресува и домот на напаѓачот во предградие на Париз. Претреси се вршат и на други адреси. Според портпарол на полицијата, ќе бидат запленети телефони и компјутерска опрема. Истражителите се надеваат дека ќе откријат што правел терористот неколку часа пред нападот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.