Макрон: Вашата земја заслужува да ги почне преговорите без одложување

Вашата земја заслужува да ги почне преговорите без одложување, Ова францускиот претседател Емануел Макрон вечерва лично му го поорача на премиерот Зоран Заев во Париз.

Вечерва Заев е на вечера со францускиот претседател, повеќе детали од средбата се очекуваат наскоро.

Дел од владината делегација се вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод одбележувањето на 28 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.

Пред ветото од Бугарија, Македонија се соочи со вето од Франција, којашто не дозволи Македонија и Албанија да ги почнат пристапните преговори Под нејзино инсистирање беа донесени новите правила за водење на преговорите, за кои се смета дека во многу ќе го отежнат процесот, имајќи предвид дека во поделбата на кластерите погллавјата за преговорите овозможено е враќање и проверка на некои веќе минати поглавја

„Време е да се конкретизира ова одлука и ние ќе работиме да се најде решение за почеток на преговорите“, додаде Макрон.

Како што јави дописникот на МИА, премиерот Заев од своја страна му се заблагодари на Макрон, во име на Владата и граѓаните на Македонија за поддршката, посочувајќи дека денешната средба ги збогатува пријателските врски меѓу двете земји, во годината кога одбележуваме 28 години од воспоставените дипломатски односи со Франција.

„Посебно место во развојот на македонско-француското пријателство има и претседателот Макрон, со неговата јавна поддршка за Договорот од Преспа. Пред нас е самитот на Евроспкиот совет во јуни и тој е вистинска можност за чекор напред и решение за отргнување на блокадата на нашиот европски пат. Дијалогот носи решение“, истакна Заев.

Во фејсбук објавата по средбата, Заев наведе дека станува збор за  „историски важна работна посета“ на покана на претседателот Макрон.

„Инспириран од една негова изјава пред студентите во Сорбона дека во Европа лежи нашиот идентитет и дека Европа ни дава иднина, силно верувам, дека Франција може да биде мотор на проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан. За нас е многу важно што Франција го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, со јасно поставени стандарди и без да се губи време“, наведе Заев во објавата.