Макрон вели дека современиот капитализам мора да претрпи промени

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на радикално реновирање на глобалните социјални и економски системи, тврдејќи дека демографските промени и другите проблеми ќе бараат нови начини на распределување на ограничени ресурси.

Во интервју за „Груп Детид Геополитик“, францускиот лидер рекол дека „Вашингтонскиот консензус“, кој тој го опиша како „образложение засновано на акумулација на профит“, е застарен и оти нациите мора да прифатат нови економски, политички и социјални модели со цел да се надминат тековните кризи.

Предупредувајќи дека светот е во пресвртна точка, тој рече дека современиот капитализам мора да помине низ трансформација.

„Капитализмот е оној кој стана премногу концентриран и повеќе не е во можност да се справи со нееднаквостите во нашето општество и на меѓународно ниво. На тоа можеме да одговориме само со нова трансформација“, додаде тој.

Францускиот претседател изрази надеж дека остатокот од светот ќе ја прифати неговата визија, тврдејќи дека борбата против капиталистичкиот механизам е неефикасна доколку се спроведува само во една земја, пренесува РТ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.