Макрон во Бундестагот повика на пренесување на овластувањата од национално на ЕУ ниво

Францускиот претседател Емануел Макрон се заложи во неделата во Берлин, во обраќањето на пратениците во германскиот Бундестаг, за посилна и поотворена Европска унија спротитавена на големите држави и пренесување на повеќе овластувања од национално на ниво на ЕУ.

„Мораме да собереме храброст и да отвориме ново поглавје во развојот на Европа. Тоа и’ го должиме“, изјави Макрон

„Европа, и во неа сојузот на Франција и Германија, се обврзани да го дадат својот придонес за да спречат светот да западне во хаос, туку да оди по мирен пат. Затоа Европа мора да биде посилна и понезависна“, изјави Макрон во Бундестагот.

„Ние не смееме да бидеме играчка на другите влијателни земји. Има премногу земји кои сакаат да не’ забават… Таа одговорност особено паѓа на Франција и Германија на Европската унија да и’ подарат потребна сувереност..“, рече Макрон додвајќи дека јакнењето на Европа ќе биде можно единствено со откажувањето на еден дел од националните компетенции во полза на Унијата.

„Секој од нас во полза на заедништвото, од своето право на одлучување, својата надворешна и мигрантска политика, како и дел од буџетот па и даночните приходи, мора да ги дели со другите. Единствено така ќе може да се надвладеат предизвиците“, рече Макрон чиј говор во Бундестагот често беше прекинуван со долготрајни аплаузи, а кој беше објавен на веб страницата на телевизјата France24.

Макрон се заблагодари што на денот кога Германија им оддава почести на жртвите во војните му е овозможено да зборува во Бундестагот. Францускиот претседател претходно придружуван од германскиот државен врв, претсеедателот Франк-Валтер Штајнмаер и канцеларката Ангела Меркел, по повод германскиот Ден на националната жалост, положи венец на гробиштата на загинатите во Првата и во Втората светска војна. Овој ден е воведен како одбележување на сеќавањето на паднатите во Првата светска војна, а од 1950-те одини е посветен на жртвите на сите војни и диктатури.

Ангела Меркел и Емануел Макрон подоцна вечерва се среќаваат за да го разработат планот за воведување на еопфатни реформи на Европската унија до самитот во декември.