Макрон во новогодишното обраќање за омаловажувањата и за реформите

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика Французите во понеделникот ноќта во својата новогодишна порака емитувана на телевизиите да престанат да се омаловажуваат, истакнувајќи дека можат и мора да постапуваат подобро, а за своите ветени реформи рече дека не можат да бидат моментални.

„Да престанеме да се омаловажуваме и да се претвораме дека Франција е земја во којашто не постои солидарност и во којашто треба се’ повеќе да се троши. Можеме подобро и мораме подобро… Мораме да осигураме нашите јавни служби и натаму да дејствуваат онаму каде што се потребни, лекарите да дојдат онаму каде што недостигаат. Дека ќе имаме мобилни телефони и интернет насекаде каде што луѓето живеат и работат. И, во прв ред, дека насекаде ќе живееме сигурно и мирно… Живееме во една од најсилните економи на светот, нашите инфраструктури се меѓу најдобрите на светот“, рече францускиот претседател Емануел Макрон.

Францускиот претседател во својата порака индиректно зборуваше и за протестното движење Жолти елеци и за големите раздор, гневот против неправдата, притив понекогаш несфатливата глобализација, против пресложениот административен систем, против длабоките реформи и заклучи дека тој гнев покажал дека француското општество не е разигнирано.

„Нашата земја сака да изгради подобра иднина и тоа е урокот кој го научивме во 2018 година“, рече Макрон и додаде дека со премиерот Едуар Филип сториле многу за земјата, споменувајќи ги тековните реформи во разни области. Истакна дека резултатите од реформите покренати од почетокот на неговиот петгодишен мандат не може да бидат моментални, а нестрпливоста којашто и самиот ја чувствува, не може да се оправда со никавко непризнавање.

„Резултатот не може да биде моментален. И нестрпливоста, којашто ја споделувам, не може да го оправда никакво негирање“, рече Макрон и истакна дека владата ќе мора следните месеци да продолжи со работа за да создаде рамка за реформите во секојдневниот живот.

„Знаевме, исто така, за големиот раскол и гневот кој се шири, бесот против непрвадата, лутината кон понекогаш неразбирливата глобализација, гневот против административниот систем кој стана премногу сложен… гневот против длабоките промени… Овој гнев, без оглед на тоа колку е претеран, според моето мислење, зборува за едно: ние не се повлековме“, истакна Макрон.

Францускиот претседател ги спомена и оние го „си земаат право да зборуваат во името на народот“, а оцени дека всушност биле „само портпароли на промотерите на омразата, бесни на пратениците, на силите на редот, на новинарите, Евреите, странците, хомосексуалците“, велејќи дека тие претставуваат „негација на Франција“.