Макрон во Њујорк се обидел да организира телефонски разговор на Трамп и Роухани

Францускиот претседател Емануел Макрон, за време на седницата на Генералното собрание на ОН, мината седмица во Њујорк, се одбидел да организира телефонски разговор меѓу американскиот и иранскиот претседател Доналд Рамп и Хасан Роухани, но планот не успеал зашто американската и иранската страна погрешно ги толкувале меѓусебни официјални изјави, пишува во понеделникот магазинот The New Yorker, повикувајќи се на француски дипломати.

Иранскиот челник не кренал телефон

Според соговорниците на The New Yorker, на 24-ти септември е испратена група техничари да инсталираат телефонска линија заштитена од прислушување во простории на истиот кат од хотелот „Millennium Hilton“, во кој отседнал Роухани. Овој хотел беше една од трите локаци во Њујорк каде иранскиот претседател можел да престојува без да ги крши санкциите од САД. Макрон сакал истиот ден во 21,30 часот (околу 3,30 часот по македонско време на 25-ти септември) да организра конференциски повик со Трамп и Роухани.

Во написот се наведува дека францускиот претседател порано истиот ден, во друштво на британскиот премиер Борис Џонсон и во присуство на дипломати, преку преведувач побарал Роухани да даде согласност за разговор со Трамп.

„Доколку тој (иранскиот претседател) ја напушти земјата (САД), без средба со претседателот Трамп, тогаш, искрено да зборуваме, тоа ќе биде пропуштена можност“, ја цитира весникот репликата меѓу Макрон и преведувачот.

„Зошто тој (Роухани) да се врати (во САД) по неколку месеци, а претседателот Трамп да замине во Техеран“, појаснил францускиот челник обраќајќи му се на иранскиот претседател преку преведувачот. Вториот само се насмеал. „Треба да се сретнете сега“, продолжил Макрон. Оваа епизода е снимена на видео, тврди The New Yorker.

Како што се истакнува во написот, буквално во пресрет на отворањето на сесијата на Генералното собрание во ОН, САД решиле да воведат санкции против иранската Централна банка, а личниот адвокат на американскиот претседател, Рудолф Џулијани, на протестот на иранските противници на властите во Техеран вечерта на 24-ти септември, зборувал за поддршка на промената на политичкиот систем во Исламската Република. Вечерта на 24-ти септември, Роухани немал добра причина да верува дека Трамп е подготвен да го преземе првиот чекор и да се согласи на ублажување на санкциите против Иран. Поради тоа, кога Макрон понудил средба „лице в лице“, иранскиот челник веќе заминал да спие, појаснуваат соговорниците на весникот.

Како што било договорено, во предвиденото време (21,30 часот) во салата за состаноци во „Millennium Hilton“ дошол повик од американскиот претседател, неговиот француски колега го подигнал телефонот, но иранскиот претседател не одговорил.

„Како и во текот на претходните месеци, ние во Њујорк работевме на тоа Иран да презема дополнителни обврски во замена за олеснување на санкциите од САД. Спроведовме технички мерки во случај да се оствари телефонски разговор. Тој не се случи“, го цитира The New Yorker еден од француските дипломати, потсетувајќи дека следниот ден 25-ти септември, Вашингтон вовел нови санкции против Техеран.

 

Франција не губи надеж

Според весникот, Макрон не ги загубил надежите за остварување средба меѓу лидерите на САД и на Иран. Сепак, Роухани на 26-ти септември замина за Техеран каде по слетувањето на новинарите им изјави дека челниците на Франција, Германија и Велика Британија во Њујорк го уверувале во подготвеноста на Трамп да ги ублажи санцките и повторно да влезе во преговори. Американскиот претседател, пак, на својото Twitter акаунт брзо ги негирал медиумските извештаи. Според оцените на соговорниците на весникот, кај Роухани и Трамп веројатно се содале погрешно впечатоци, поради што сѐ тргнало наопаку.

Макрон во август повика на одржувње директна средба меѓу Трамп и Роухани во најскоро време, за решавање на раликите меѓу двете страни. Аналитичарите сметаа дека најпогодно место за таква средба е Њујорк, и тоа на високо ниво. Потоа американскиот претседател изјави дека се подготвен да се сретне со иранскиот колега, под извесни услови и оти смета дека предлогот е реален. Сепак, Техеран предупреди дека дијалогот е невозможен сѐ додека Вашингтон не се врати во рамките на нуклеарниот договор од 2015 година, од кој САД еднострано истапија во мај 2018 година повторно воведувајќи санкции против Иран.