Макрон зборува со Путин по барање на Зеленски, велат од Париз

Францускиот претседател Емануел Макрон му се јавува телефонски на рускиот колега по должност Владимир Путин на барање на украинскиот челник Володомир Зеленски, рече меѓу другото портпаролката на француското министерство за надворешни работи Ан-Клер Лежандр во интервју за телевизискиот канал RTVI.

„Господинот Макрон го повикува претседателот Путин главно на барање на претседателот Зеленски и секогаш во координација со нашите сојузници за одржува на каналот за дијалог“, рече Лажандр.

Додаде и дека францускиот претседател разговарал со својот руски колега за прашања во врска со нуклеарната централа во Енергодар, во јужната украинска област Запорожје која од почетокот на војната е под контрола на Русија, и благодарение на тоа било обезбедено да ја посетат набљудувачите од Меѓународната агенција за атомска eнергија (МААЕ – IAEA).

На почетокот од јануари Кремљ потврди дека Путин и Макрон одржале телефонски разговор по последниот од ланскиот септември, а портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков додаде дека во моментов „има пауза“ во дијалогот меѓу двајцата челници.

„Претходните контакти беа многу корисни и многу конструктивни и покрај сите постојни, вклучително и длабоките несогласувања“, соопшти тогаш Песков.