Макс Ферстапен победни на денешната трка во Баку

Актуелниот Ф1 шампион, Макс Ферстапен е победник на денешната трка во Баку која се возеше за Големата награда на Азербејџан.

Ферстапен ја започна трката од третата позиција, но коцките му се наместија и тој на крајот заврши како прв пред клупскиот колега од Ред Бул, Серхио Перес. На подиумот се искачи и асот на Мерцедес, Џорџ Расел, додека вистинска катастрофа доживеа тимот на Ферари.

Шарл Леклер и Карлос Саинц остварија одлични резултати на вчерашните квалификации (прво и четврто) и тоа беше најава дека ќе се борат за победа во Баку, но двајцата возачи мораа да се откажат поради  дефекти во болидите.

Сето ова направи некои други момци да освојат бодови, па од четвртото до десеттото место беа уште Хамилтон, Гасли, Фетел, Алонсо, Рикардо, Норис и Окон.

Наредната трка се вози следната недела за ГН на Канада.