Максим Димитриевски поднесе кандидатура за градоначалник на Куманово

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски ја поднесе кандидатурата и е официјален кандидат за градоначалник на Куманово на претстојните локални избори кои ќе се одржат наесен.

– Веруваме дека ќе продолжиме и во иднина, заедно со граѓаните да имплементираме нови проекти за едно модерно и европско Куманово. Град со висок стандард на урбано живеење и град кој ќе биде пример за цела држава. За Куманово како што го сакаме, вели тој.