(ВИДЕО) Максим Димитриевски со солзи во очите: Страшно се лаже од лица кои се одговорни за нашето здравје

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски низ солзи во интервју во емисијата „Ја сакам Македонија“ на ТВ Сител рече дека единствената сигурна работа на која може да се ослони во неговиот живот е неговото семејство.

– Мислам дека единствено семејството на кое можете да се ослоните во едни вакви моменти. Страшни дворски игри во многу тешки моменти за сите нас за кои ќе оставам времето да покаже кој е во право. Во целиот овој конгломерат на несовесни граѓани, можам да кажам само едно а тоа е дека страшно се лаже од лица кои сакаат само да стигнат до целта, а кои се одговорни и не смеат тоа да го прават во овие моменти бидејќи одговараат за здравјето на сите нас.

Ние баравме потполно исти мерки како во Дебар. Зошто нешто би можело да важи за Дебар, а да не важи за Куманово, или пак сега нешто да важи за Куманово, а да не важи за Тетово. Тоа се двојни стандарди, рече кумановскиот градоначалник.