Максим Димитриевски вели Куманово ќе продолжи да биде град производител на чевли

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, денеска беше во посета на компанијата за чевли Глечер во Куманово.

-Куманово било и ќе продолжи да биде град производител на чевли и текстил. Утрово, бев во посета на компанијата Глечер која е позната по производството на чевли и по успехот во своето работење. Произведува висококвалитетни производи, кои се дистрибуираат на светскиот пазар. Во идниот мандат продолжуваме со грижа во сите општествени сектори за наше Куманово, како и за чевларската индустрија по што е позната нашата општина“, рече Димитриевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.