Максимални 20 години затвор за Американката која раководеше женски баталјон на Исламската држава

Американката Алисон Флук-Екрен (42) е прогласена виновна по обвиненијата дека раководела со женскиот баталјон на организацијата „Исламска држава” (ИД) во времето кога живеела во Сирија, за што и е изречена максимална затворска казна во времетраење од 20 години.

Флук-Екрен на судското рочиште се изјасни „виновна“ по обвиненијата што и се ставааа на терет, дека ја предводела „Хатиба Нусајба“ формацијата на ИД, во која стотици жени и малолетни девојчиња биле обучувани да ракуваат со автоматско оружје и да вршат самоубиствени напади со појаси со експлозив.

Во изјавите што ги даваше пред Судот таа ја презеде одговорноста за своите постапки и ангажманите во Сирија, Ирак и Либија, но поголемиот дел од времето го потроши обидувајќи се да го оправда своето однесување.