Мала Италија патува: Една незаборавна ноќ со Медитеранот на дланка

Во срцето на Скопје под отворено небо се одржа Мала Италија патува. Настан на кој Павле Камилоски и Христо Арсовски, двајца автодидактички македонски пејачи, ја претставија шпанската, италијанската и француската култура преку најпознатите канцони, шансони и шпански песни. За време на нивниот настап атмосферата беше преплавена од емоции, воздишки и уживање.

IMG_6988

„Ми преставува огромно задоволство што пред вас, љубителите на музиката, го правам тоа што го сакам, што длабоко го љубам. Јас сум цврсто убеден дека кога нешто искрено љубиш, не постојат препреки кон патот да го исполниш тоа. Музиката е движечка сила во мојот живот и денес стојам пред вас поради љубовта која таа ми ја дава назад. Сакам да ги охрабрам сите дека кога нешто сакаат никогаш да не се откажат затоа што чувството е прекрасно и секогаш ќе бидат исполнети. Во оваа уметност не постојат граници. Музиката е темел на добро расположение и искрена среќа. Таа е ми отвори нови хоризонти и ја зацврсти љубовта која може да се карактеризира само како совршена.“, истакна Павле Камилоски.

IMG_6981

Тој додаде дека пеењето за него е комплетно уживање, работа која го прави среќен и дека Мала Италија е настап кој никогаш нема да го заборави.

 

 

 

 

Посетителите на Мала Италија патува ги проследија Павле Камилоски како баритон, Христо Арсовски како драмски тенор, Горан Начевски како баритон, Бисера Чадловска како диригент и камерен оркестар.

 

IMG_6958

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.