Малата плата и празниот паричник се опасни по здравјето

Луѓето со ниски примања се изложени на поголем ризик од висок крвен притисок, со што се зголемува шансите за развој на здравствени проблеми како срцеви заболувања и инфаркт.

Научниците истражувале податоци за здравјето на 5 000 луѓе на возраст меѓу 25 и 65 години. На почетокот на истражувањето тие имале низок крвен притисок и немале проблем со срцето.

Истражувањето траеше шест години. Во овој период стручњаците утврдиле дека на луѓето со ниски примања им се кревал крвниот притисок. Особено изразени се срцевите проблеми на жените на возраст меѓу 25 и 44 години.

Луѓето со ниски примања се повеќе склони на стрес, што го зголемува ризикот од појава на здравствени проблеми. Еден начин за ублажување на непријатните симптоми е долгиот сон меѓу 7 и 8 часа.

Истражувачите советуваат да слушате класична музика и да јадете банани кои се богати со калиум. Или да заработат и да си го наполнат и новчаникот и фрижидерот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.