Малчевски: Србија рече дека има докази, ќе треба да ги покаже на нашите претставници

Ние си имаме домашни проблеми што треба да ги решаваме и во овој момент впуштање во авантура на некакво спонзорство на Косово за член на УНЕСКО не е во интерес на Македонија, вели Самоил Малчевски во вечерашното издание на „Аргументи“ на ТВНОВА.

– Ова што треба да го имаме предвид е дека српската страна најави дека има докази и ние треба да видиме кои се тие докази. Српските власти се должни тие да им ги претстават на нашите претставници, на премиерот, на министерот за надворешни работи и да видиме што е тоа што толку нив ги заинтригирало и кои се тие разузнавачки дејтствија кои ги приморале на еден ваков чекор – вели Малчевски.

Не можам да кажам колку долго би траела ваквата ситуација со Србија, но во овој момент ме радува смиреноста на македонската дипломатија. Потребно е да видиме што ќе се случува слендо откако ќе меѓусебно ќе разговараат министтрите за надворешни работи на двете земји, но и премиерите на Србија и Македонија, додава Малчевски.

„Да не направеа Србите ваков дилетантски потег, може многу поелегантно да го изведат проветрувањето на нивни вработени во Амбасадата. Овој месец можеа да повлечат двајца, следниот да повлечат уште две до три лица и да направат измени во нивните редови, доколку се сомневаат дека биле вмешани во некои настани тука“,вели Малчевски.

Смета дека сепак околу 50 отсто од луѓето во Амбасадата ќе бидат променети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.