Малезија открила 1.864 тони илегалeн токсичен отпад од Романија

Малезиските власти откриле досега најголема илегална пратка на токсичен отпад, 110 контејнери со штетни тешки метали од Романија, кои биле на пат кон Индонезија, објавија во неделата државните медиуми.

Малезија изминатите години стана главната дестинација за пластичен отпад, откако Кина го забрани увозот. Властите во Куала Лумпур во моментов разговараат со земјите од кои отпадот стасал да им ги вратат контејнерите со пластика кои илегално влегле на нејзината територија, пренесува државната новинска агенција BERNAMA.

Министерот за животна средина и води, Туан Ибрахим Туан Ман, соопштил дека 1.864 тони материјали кои содржат метали како што се цинк, хром, олово, кадмиум и жива, се пронајдени напуштени во пристаништето Танjунг Пелепас во јужната сојузна држава Џохор. Истакнал дека ова е досега најголемото откривање на штетен отпад во историјата на Малезија.

Станува збор за штетни тешки метали, кои не само што може погубно да влијаат врз животната околина, туку и врз здравјето на луѓето, доколку со нив не се постапува според процедурите.

Туан Ибрахим рекол дека малезиските власти не дале одобрение за прием на отпадот, ниту добиле известувње од извозникот на отпадот за транзит низ Малезија.

Додал дека се контактирани властите на Романија за да се договори враќањето на контејнерите, кои се внесени во Малезија кон средината на јуни со лажна делкарација. Исто така, бил известен и Интерпол, од кој се очекува да започен истрага според Базелската конвенција и пропистите за квалитет на животната средина.