Малезија доби нов крал по ненадејната абдикација

Членовите на малезиските кралски семејства во четвртокот го избраа султанот Абдула Ахмад Шах за нов крал, а неговиот избор следеше по неочекуваната абдикација на претходниот монарх.

Педедесет и деветгодишниот султан Абдула, владетел на центарлната малезиска држава Паханг, офицјално ќе го преземен тронот на 31-ви јануари на петгодишниот мандат, соопшти чуварот на печатот на владетелите во писмена изјава.

Малезија е уставна монархија во којашто кралот има повеќе церемонијални овластувања, вклучително улога на чуварот на исламот во оваа претежно муслиманско земја. Согласноста на кралот е потребна за именување на премиерот и другите функционери.

Девет малезиски кралски куќи се менуваат на престолот, а кралот го избираат со гласање во Советот на владетелите во кој се застапени сите девет семејства предводени од султаните. Монархот се избира со мандат на пет години.

Челникот на кралското семејство Паханг беше следниот во редот за престолот и всушност ја презема должноста којашто требаше да ја извршува султанот Мухамад Петти, кој доаѓа од државата, односно семејството Келантан. Меѓутоа, султанот Мухамад, без да ги наведе причините за заминување од должноста, абдицираше претходно во јануари, само две години откако го презема престолот, и тоа е првпат некој монарх да го напушти тронот пред истекот на мандатот.