(ВИДЕО) Малезија Ерлајнс: „МХ 370 е изгубен, нема живи“

„Летот МХ 370“ е изгубен и најверојатно никој од 239 патници и членови на екипажот не преживеал“, официјално потврди  денеска компанијата „Малезија Ерлајнс“.

Според нив, сите досегашните информации и податоци се’ укажува на тоа дека авионот се срушил во јужниот дел на Индискиот Океан.

Премиерот на Малезија,Наџиб Разак истакнал дека оваа потврда за исчезнатиот авион е заснована на информација која е обезбедена од страна на сателитската компанија Inmarsat, како и Британската служба за истражување авио-несреќи. Авионот се срушил во Индискиот океан во близина на австралискиот град Перт.

Роднините и семејствата на жртвите примиле порака во која им се вели дека мора да се помират со фактот дека нема преживеани. Според медиумите кои се на пресконференцијата, во салата е језиво, се слуша само плач и болка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.