Малезија најавува погребна церемонија за патниците од исчезнатиот авион

Првата погребна церемонија за патниците од исчезнатиот малезиски авион ќе биде одржана викендов, соопштија денеска нивните роднини, а малезиските официјални лица ги повикаа роднините да се „соочат со реалноста“ и да ги напуштат центрите од каде што добиваат поддршка.

И покрај потрагата во воздух, на море и под вода до сега нема никаква трага од авионот на летот МХ370 кој исчезна на 8 март на летот од Куала Лумпур до Пекинг.

Во авионот беа речиси 239 патници и членови на екипажот, вклучувајќи и голем број на кинески државјани.

Речиси осум недели подоцна, компанијата „Малезија ерлајнс“ соопшти дека ќе ги затвори центрите за помош на роднините на исчезнатите во Пекинг и Куала Лумпур.