Малезија: Нема податоци за било каков повик од копилотот на исчезнатиот авион

Владата на Малезија денеска ги отфрли тврдењата дека од исчезнатиот патнички авион на „Малезија ерлајнс“ имало било какви телефонски повици непоредно пред исчезнувањето на авионот од радарскиот екран.

Дневникот „Њу стејт тајмс“, повикувајќи се на анонимен извор, вчера објавил дека копилотот Фарик Абдул Хамид, телефонирал од авионот, но дека повикот веднаш бил прекинат, најверојатно, бидејќи авионот брзо се оддалечувал од телекомуникациската кула.

Објавени се и непотврдени извештаи, според кои и капетанот на авионот Захари Ахмед Шах телефонирал пред или во текот на летото.

Министерот за транспорт на Малезија, Хишамудин Хусеин, рекол дека властите немаат податоци за било каков повик од пилотската кабина на авионот, кој што на осми март исчезна со 239 патници и членови на екипажот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.