Малезиската Влада, вчера објави сателитски снимки, според кои е утврдено каде е исчезнат авионот на „Малезија еарлајнс“. Според снимките, авионот се наоѓа некаде на јужниот дел од Индискиот океан.
Увид во податоците први имале роднините на патниците во авионот, кои бараа поголема транспарентност, а потоа се пратени и копии до медиумите.
Документот кој е објавен, содржи 47 страници податоци и забелешки на британската компанија „Инмарсат“.
Авионот, кој сообраќаше на линијата Куала Лумпур-Пекинг, исчезна на 8 март заедно со 239 патници и членови на екипажот. Досега не се пронајдени никакви остатоци од авионот, ниту пак е утврдена причината за исчезнувањето.
Во водите, западно од австралијанскиот град Перт и понатаму се трага по авионот.