Малезискиот авион летал повеќе од седум часа, можел да стигне до Казахстан?

Британската компанија за сателитска комуникација „Инмарсат“ соопштила дека забележала сигнал од исчезнатиот малезиски авион, кој што би можел да помогне во пронаоѓање на локацијата на Боингот 777.

Според нивните податоци, авионот летал повеќе од седум часа по полетувањето.

Комуникациските сигнали од Боингот биле рутински и автоматски, но од компанијата не сакале да откриваат други детали.

Инаку, седумдневната потрага за авионот на „Малезија ерлајнс“ и понатаму е без резултати.

Малезискиот премиер во своето официјално обраќање рекол дека исчезнатиот авион можел да лета во две насоки: или кон север кон Тајланд и Казахстан или јужно од Индонезија кон јужниот дел на Индискиот океан.

Кинеските власти порачале дека се бесни и разочарани бидејќи на малезиските власти им се потребни седум дена да утврдат дека авионот Боинг 777 намерно е тргнат од предвидената маршрута откако некој го исклучил од комуникацискиот систем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.