Малезискиот авион се урнал по експлозија во пилотската кабина

Лондонската правна фирма „Стјуартс Ло“ која застапува дел од роднините на патниците во исчезнатиот авион на „Малезијан Ервејс“ соопшти дека многу поверојатно е оти Боингот 777 во инцидентот од пред три недели, се урнал поради експлозија и пожар во пилотската кабина отколку дека бил киднапиран од пилотите и потоа намерно соборен, пренесе МИА.

Оваа фирма која има големо искуство во бројните истраги за авионски катастрофи, учествувајќи во истрагите, верува во теоријата за неочекувана експлозија во текот на летот, по која е создадена „огнена топка“ повикувајќи се на искуството од пред три години со иста авион како малезискиот.

Во 2011 година авионот Боинг 777 на египетската компанија „Еџипт Ер“ настрада на писатата на аердоромот во Каиро, додека се подготвуваше да полета, кога во пилотската кабина се случи експлозија во доводот за кислород за маските на пилотите, што тие ги користат доколку дојде до декомпресија во авионот. Експлозијата проследна со „огнена топка“ предизвикала дупка во трупот на авионот, а пожарот ја уништил пилотската кабина и целиот простор во леталото, под кабината.

Во моментот на експлозијата во авионот што се подготвувал да полета за Џеда, Саудиска Арабија, имало 291 патници, но никој од екипажот и од патниците не настрада, само затоа што инцидентот се случи на земјата.

Џејмс Хили-Прат кој работи во фирмата „Стјуартс Ло“ и самиот е пилот, изјави за лондонските медиуми дека е уверен оти малезискиот авион ја доживеал истата судбина, но во поинакви услови, додека авионот летал и се наоѓал на 11.000 метри височина.

Според Хили-Прат, експлозијата на системот за довод на кислород во пилотската кабина предизвикала силна декомпресија на малезискиот авион, по што Боингот, ист како оној на „Еџипт Ер“ целосно се изместил од предвидената линија за летање и исчезнал некаде во Индискиот Океан.

Овој експерт на лондонската фирма верува дека проблемот е во авионот, а не во пилотите, па потсетува дека по инцидентот со египетскиот авион од пред три години, воздухопловните власти на САД наложија Боинг да го измени системот за довод на кислород во кабината, со нов.

Хили-Прат вели дека станува збор за мал и евтин дел кој не чини повеќе од 2.600 долари, но не знае дали во авионот, што исчезна на 8 март, на својот лет од Куала Лумпур за Пекинг, била извршена ваквата замена

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.