Малезискиот „Боинг“ паднал во Индискиот Океан?

110
малезискиот

Експертите на бирото ги истражувале деловите од две крила од авионот што се појавија од длабочините на Океанот.

Тие тврдат дека кога малезискиот авион удрил во Океанот подвижните делови од крилјата не биле во положба која е вообичаена при спуштање на авионите, што наведува на заклучок дека се случило нешто ненадејно.

Сателитските податоци од денот кога авионот исчезна, исто така навестуваат дека ненадејно и брзо спуштање на леталото.

– Сега секој може да определи сопствен заклучок за тоа дали некој имал или немал контрола врз авионот, изјави директорот за истраги на Бирото, Питер Фоли.

Извешатојот на АТСБ доаѓа пред специјалната конференција на меѓународни експерти за авионски сообраќај и комуникации, што е закажан во Канбера со цел да се определи како натаму да тече потрагата по авионот.

И покрај масовната потрага, досега не е најден трупот на авионот, не се знае каде тој се урнал, ниту се забележани какви било траги за истекување на гориво.

Во изминатите 2,5 години површина од над 120 илјади квадратни километри е истражувана од страна на истражни екипи од Кина, Австралија и Малезија.

Вкупно 239 патници и членови на екипажот, се наоѓаа во „Боингот„ на Малезија Ерлајнс кога тој исчезна.

Skin Delight

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.