Малезискиот патнички авион над Украина бил соборен со ракета – дел од вооружувањето на украинската армија

Преставникот на производителот на рускиот одбранбен систем Бук, Михаил Малишевски изјави дека неговата компанија донела заклучок дека авионот на Malasyan Airlines, лет број 17, бил погоден со постара верзија на ракета Бук.

Според него, ваков постар тип на ракети Бук сеуште користи украинската војска, но не и руската армија.

Малишевски нагласил дека анализите се базирани на фотографиите достапни до јавноста.

Контроверзите околу тоа кој го собори малезискиот патнички авион над Украина и понатаму продолжуваат. При несреќата загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

Украина и западните држави се сомневаат дека авионот бил соборен од руската противвоздушна одбрана или сепаратистите кои се борат во тој дел од Источна Украина, додека Русија тврди дека украински ловец го соборил “летот 17”.

Британските истражители кои работеа на овој случај го обвинија руското министерство за одбрана дека ги има преправено сателитските снимки, поради што неможе да се утврди точниот виновник.