Мали тајни на големите мајстори

Ако сакате да бидете подобар љубовник, понекогаш неопходно е директно да ја прашате партнерката што сака и што ја возбудува. Па, барем креветот е место на кое  нема ништо од што да ви биде срам.

Не е срамотa да се праша

Немаат само мажите тајни желби, фантазии и мали ситници кои ги доведуваат до лудило. Некои жени сакаат нежности, други малку грубост, а трети да ги врзувате… Токму затоа не смее да ви биде срам да ја прашате партнерка (ако веќе тоа сами не сте го сфатиле) што ја возбудува и што сака во креветот. И нема да погрешите, бидејќи жените обожуваат кога мажот се грижи за нивните потреби.

Со пракса до совршенство

Добариот изглед и поврзаноста со партнерката се важни, но како и се’ останато во животот, со пракса ќе дојдете до оптимални вредности. Поради тоа, пишува Аск Ман, со чести интимни односи ќе откриете што е тоа што вас двајца ве возбудува и ве доведува до оргазам.

Охрабрете ја

Мнозинството жени се со отворен ум кога е сексот во прашање и не се плашат да пробаат нови работи ако се чувствуваат удобно и сакано. Затоа не е на одмет да ги изразите своите чувства кои ги имате за партнерката со цел таа да се стекне со малку повеќе самодоверба.

И позите се важни

Одредени пози ќе разбудат во неа повеќе страст и екстаза отколку други, а тоа повторно се сведува на разговор и комуникацијата. Не се притеснувајте да прашате било што, па ни која поза најмногу и’ одговара.