Мали трикови за големи заводнички

Колку мажите и да сакаат да заведуваат и да преземаат клучни чекори во сексуалните игри, исто така сакаат да се најдат во улога на плен. Тие обожаваат жени кои умеат да преземат иницијатива. Што и да сакате да направите, започнете силно и со самодоверба, а ова се некои од триковите кои во тоа ќе ви помогнат.

Бидете опуштени
Што и да правите во животот, најдобрите резултати доаѓаат кога сте опуштени. Тоа важи и за заведувањето. Некои жени тешко се опуштаат, но постојат различни техники на опуштање кои е релативно лесно да се научат.Што повеќе сте опуштени во сопствената кожа, толку подобро ќе бидете во контакт со другите луѓе. Опуштеноста предизвикува, поради што мажите ќе посакаат да бидат во ваше друштво, а тоа е важен дека од успешното заведување.

Покажете независност
Во ниту еден случај не смеете да изгледате како личност на која очајнички и треба внимание на мажот. Такво чувство испраќа сигнали на зависност, а никој не сака жена која само го чека мажот да и ги реши сите животни проблеми. Бидете независна и силна која истовреме може да биде нежна и топла.

Заведувањето сфатете го како игра
Бидете разиграни бидејќи заведувањето е еден вид на игра. Смешкајте се, спонтано допирајте се, шегувајте се. Едноставно настојувајте добро да се забавувате без оптоварување со резултатите.

Научете да делете комплименти
Мажите многу сакаат кога жените им покажуваат колку ги ценат, почитуваат и колку им се восхитуваат.Тоа не значи дека морате да го подигнете на пиедестеал, но повремено дајте му по некој комплимент.

Нека ве лови
На убав начин дајте му до знаење дека ве интересира, дека ви се допаѓа, но паралелно суптилно дајте му до знаење дека нема лесно да ве добие. Посебно не во кревет. Бидете вистински плен, на дофат на рацете, но подалеку од дофатот. Ќе бидете вистински предизвик за лов со што уште повеќе ќе му се допаднете.