Малиот херој во Њујорк: Спаси шест лица и загина во пожар

Осумгодишниот херој од Њујорк загина во обид да го спаси седмиот роднина од пожарот во приколката каде живееле дедо му и вујко му со семејството.

Мајката на осумгодишниот Тaјлeр раскажува дека тој со насмевка ја молел да остане ноќта на спиење кај дедо му за кој велел дека му е најдобар другар.

Пожарот избувнал околу четири часот утрината, а според полицијата,  причината е неисправна електрична инсталација.

Кога видел дека им се заканува огнената стихија, малиот Тајлер успеал да им помогне на шест роднини да се спасат.

Малиот херој загинал обидувајќи се да го спаси својот вујко, кој инаку е во инвалидска количка. Двете тела биле пронајдени едно до друго. Покрај нив, пожарот бил фатален и за дедото.

Тајлер помогна да се спасат баба му, неговата вујна и братучедите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.