Малите тајни на големите мајстори – ID TEAM HAIR BAR ви открива зошто фарбата брзо се испира

Многу жени сакаат колоризација на косата, посветуваат многу време на тоа и без разлика дали изборот кој го направиле е фарбање на корен, фарбање на цела коса или пак можеби вадење прамени со било оја техника што ја избрале, фарбата многу брзо им отпаднала и избледела. Но зошто? Тајната ни ја открива професионалниот тим од IDTEAM HAIRBAR.

Има многу грешки кои ги правиме сите, едната од нив ја повторуваме секојдневно. Главниот проблем поради кој бојата на коса брзо се испира e шампонот, кој миејќи ја фарбата ги испира и природните масла и текстура. Составот на шампонот и хемикалиите кои се наоѓаат во него најчесто се врзуваат со природните маснотии во коренот и од целата должина на косата и потоа истите се отстрануваат со шампон.

Со оваа постапка се отстрануваат и здравите масти кои ни ги создава скалпот. Па поради тоа се препорачува употреба на регенератот или маска, потенцира Димитар Тренкоски предводникот на ID TEAM, професионален фризер и мејк ап артист и додава: „Кога на косата ќе и’ ги одземете маслата кои сама ги создала тогаш лојните жлезди се потикнати повеќе да лачат од вообичаенотои како резултат на тоа ќе имаме постојано масна коса. Исто така многу важен совет во нега на коса е да се избегнуваат шампони кои содржат јаки хемикалии, сулфати и синтетички мириси“.

Според него, без разлика дали косата е офарбана или не, треба секогаш да се користат шампони со повеќе природни компоненти и есенцијални масла, со помала ph вредност, без сулфати, кои го чистат коренот. При тоа бојата останува интензивна и не паѓа брзо. Од големо значење е 72 часа по фарбањето косата да не се мие. Се прашувате зошто? Бидејжи порите се отворени и бојата која навлегла во нив со миењто може да се отстрани. Исто така, косата не треба да ја миеме со многу топла вода затоа што можеме да ја оштетиме, најдобро е да користиме млака вода за миење на косата.