Малме го елиминираше Бешикташ, Рапид подобар од Ренџерс

Во директните соочувања за 16-финалето во Европската лига, шведски Малме во Истанбул го победи Бешикташ со 1:0, додека со идентичен резултат во Виена домашниот Рапид беше подобар од шкотскиот преставник Ренџес.

Во Групата Г пред последното коло сите четири екипи можеа да одат натаму, Во најдобра позиција беа Вилјареал и Рапис, а на минување се надевааа и Ренџерс и московски Спартак. На крајот натаму одат шпанскиот и австрискиот претставник.

Вилјареал на својот „Ел Мадригал“ го победи Спартак со 2:0, освојувајќи го првото место во групата, а победата на „Жолтата подморница“ и’ ја донеа Чуквуезае во 11 и Екамби во 48 минута. Во последните моменти од средбата домашните останаа со играч помалку откако беше исклучен Хаиме Коста.

Во вториот меч Ренџерс во Виена одеше на три бода, но победи Рапид, а решавачкиот погодок го постигна Дејан Љубичиќ во 83 минута.

И во Групата И, исто така, сите четири клубови можеа да ги продолжат натпреварувањат. Генк и Бешикташ беа во најдобра позиција, бидејќи играа дома, што Белгијците го искористија, но Турците изненадувачки беа елиминирани од Малме.

Генк дома го победи Сарпсборг со 4:0 освојувајќи го првото место во групата. Головите ги постигнаа Гано во 3, Пенмтсил во 5, Берж во 64 и Аиду во 67 минута.

Впо вториот меч Бешикташ и Малме во Истанбул во директното соочување решаваа за второто место. На Бешикташ му беше потребен и еден бод, но не успеа. Малме победи со 1:0 со голот во 51 минута по брзиот контранапад кој го релизираше Антонсон. Истанбулскиот клуб и дефинитивно ги загуби шансите кога во 65 минута остана со играч помалку, кога беше исклучен Кварезма.

Во Групата Х патниците во следната фаза беа познати и пред последното коло. Првото место убедливо го освои Ајнтрахт Франкфурт, додека втор е Лацио. Токму овие два клуба се соочија во последното коло во Рим, а првпат во историјата со 2:1 славеше германски клуб на игралиштето на Лацио. Кореа го доведе Лацио во водство во 56 минута, изедначи Гачиновиќ во 65 минута со одличен удар од над дваесетина метри откако „измеша“ тројца противнички играчи и од место биеше неодбранливо во самиот горен десен агол од голот на римјаните. Победата на Ајнтрахт му ја донесе Халер во 71 минута.

Во вториот меч Аполон на гостувањето го совлада Олимпик Марсеј со 3:1. Првите два гола, во 8 од пенал и во 30 ги постигна Антон Маглица, а во 56 стрелец беше и Стилијану. Марсеј, кој освои само еден бод во групата, само успеа да израмни во 11 минута преку Товен.

Во Групата Ј минаа Севилја и Краснодар, додека Стандард од Лиеќ испадна откако во последното коло на гостувањето кај Акисаспор одгигра недоволни 0:0. Севилја со победата од 3:0 против Краснодар го освои првото место со 12 бодови колку што има и рускиот тим, но Шпанците се подобри во меѓусебниот сооднос.

Во Групата К киевски Динамо го имаше веќе обезбедено првото место, а во последното коло беше поразен пред своите гледачи од Јаблонец со 0:1. Во вториот дуел Ренс и Астана играа за второто место, а на францускиот тим му беше потребна победа за да го мине казахстанскиот. Рен долго се мачеше, а на крајот ги скрши госите со двата гола на Исмаил Сар во 68 и 73 минута.

Во Групата Л Челзи одамна го имаше обезбедно првото место, а за втората позиција се бореа БАТЕ Борисов, МОЛ Види и ПАОК. На крајот славеа Белорусите кои во Грција со 3:1 го победија ПАОК, а на Унгарците не им беа доволни 2:2 против Челзи.