11.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

„Малмед“ тврди дека уништениот инсулин е без недостатоци, треба да има кривична одговорност

Министерот за здравство Венко Филипче е фатен во лага, владината компанија „Малмед“ тврди дека уништениот инсулин е без недостатоци, и поради тоа мора да има кривична одговорност, рече во вторникот на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

„Аферата со уништување на инсулин покажува дека се фатени живи во сомнеж за постоење на криминал. Документите несомнено покажуваат дека уништен е инсулин со валиден рок на траење. А, сево ова отвора простор за кривично гонење од основното јавно обвинителство“, рече Стоилковски.

Оцени се лажни и неуверливи аргументите на Министерството за здравство вод понеделникот во кои се тврдеше дека станува збор за турски инскулинод стоковите резерви „со сомнително потекло“ наводно набавен од минатата влада во паралелен увоз на лекови.

„Јавно ги повикуваме да го објават датумот кога уништениот инсулин е набавен. Ако се знае дека нема инсулин со рок на траење поголем од две години, а уништениот имал рок на траење уште 6 месеци, јасно е дека инсулинот е набавен во време на оваа власт. Дополнително министерството за здравство нема никакво образложение за причините зошто тој инсулин го прогласува за сомнителен. Напротив ова е известување на Aгенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) од октомври 2017-та година, што покажува дека е направена анализа на инсулинот при што констатирала дека инсулинот е во одлична состојба и не се најдени никакви недостатоци“, додаде портпаролот на опозицикската партија.

Стоилковски го повика министерот Филипче да каже кога е произведен инсулинот кој е уништен, а бил со рок до јуни и јули 2020 година.

Ова известување на Агенцијата покажува дека Венко Филипче лаже кога тврди дека порано е набавуван инсулин со сомнителен квалитет. Ова не непобитен доказ дека е уништен здрав инсулин. Ова отвора сомнеж дека владата и Филипче уништиле здрав инсулин за да има нов тендер каде добитник ќе биде компанија блиска до власта. Филипче треба кривично да одговара за овој скандал, потенцираше Стоилковски.