Мало баварско село ќе биде новиот центар на ЕУ, по Брегзитот

Знамето на Европската унија, коешто се виори на плоштадот во малото германско село Гадхајм во покраината Баварија, претставува единствен знак кој го објаснува интересот на медиумот од целиот свет за ова зафрлено место, коешто од 2019 година, по завршувањето на преговорите за излегувањето на Велика Британија од ЕУ, со само 89 жители, ќе се најде во самиот географски центар на Унијата, според Националниот географски институт во Париз.

Повеќето жители веста ја дознале на радиото, вели за AFP Јирген Гец, началник на Вејтшоешхајм, блиското место до Гадхајм. Имено Гадјахм е премал за да има свој началник.

Жителите се горди поради интересот кој го привлече нивниот живописен регион, и  веќе го ставија синото знаме со жолтите ѕвездички на селскиот плоштад, се додава во репортажата. Дури и покренаа група на мобилната апликација WhatsApp, шегувајќи се на сметка на својата нова ситуација и известувајќи ги заинтересираните за местото.

Географскиот центар, или центарот на гравитацијата во Европската унија, се помести во Германија откако на 1 мај 2004 година во Унијата влегоа десетте нови членки, главно од источна Европа. Претходно географскиот центар на ЕУ се наоѓаше во Белгија.

680x382
Меѓутоа, од 2004 година неколкупати центарот ја менуваше позицијата на германска територија, последен пат во јули 2013 година, кога во ЕУ влезе Хрватска, и тогаш географскиот центар на ЕУ стана баварското село Вестернгрунд коешто е лоцирано на 60 километри северозападно од Гадхајм.

Овој статус Вестернгрунд ќе го загуби со излегувањето на Обединетото Кралство, за жал на неговата началничка Бригите Хејм, којашто сепак порачува дека „Брегзитот нема да нé запре“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.