Мало село во Германија се подготвува да биде географски центар на ЕУ

Додека часовникот отчукува за брегзитот, мало германско село се подготвува да стане ново географски центар на Европската унија кога Велика Британија ќе отстапи од блокот.

Од досегашниот центар во општината Вестергрунд потребни се час време возење да се минат 55 километри до Гадхајм каде што е подготвен столб кој ќе го одбележи идниот центар на ЕУ, на кој ќе се виори знамето на Унијата.

Во Вестергранд тоа ќе биде тажен ден, кој титулата ја стекна со влегувањето на Хрватска во ЕУ во 2013 година. Точното место од сегашниот центар е одбележено е со плоча, мапа и знаме со Европската унија.

Иако географското средиште постојано се преместуваше, од 2004 година остана во Германија, откако Европска унија се прошири од 15 на 25 земји.