Мало зголемување на заболени од Ковид 19 кај лица од 30 до 39 години и од 20 до 29 години

132

Од заболените 917 случаи со Ковид-19 во периодот од 29 јуни до 5 јули, најголем процент (22,9 отсто) се лица на возраст над 60 години, а 19,9 отсто се лица на возраст од 50 до 59 години. Регистрирано е благо намалување во однос на претходниот период кај лица на возраст од 40 до 49 години и благо зголемување на процентот кај лица на возраст од 30 до 39 години и од 20 до 29 години.

Ова се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје за посочениот период во кој стои дека најмал број новозаболени има кај децата на возраст до девет години – 3,1 отсто и од 10 до 19 години – 4,1 отсто од вкупниот број новозаболени.

(МИА)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.