Малолетен мотоциклист удрил во деветгодишно дете

Во четвртокот во 16.30 часот било пријавено дека во селото Житоше, мопед „хамачи“, без регистарски ознаки, управуван од 17-годишник, удрил во деветгодишен пешак.

Пешакот бил пренесен во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.