Малолетен велосипедист тешко повреден во Скопје

Седумнаесетгодишник велосипедист е тешко повреден откако во централното подрачје на Скопје бил соборен од возило управувано од негов млад сограѓанин.

На 04.06.2020 во 16.30 часот на крстосницата од улиците „Никола Тесла“ и .„Руѓер Бошковиќ“ во Скопје, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ѓ.(28) од Скопје, удрило во велосипед управуван 17-годишен малолетник од Скопје, информираат од МВР.

По незгодата велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.