Малолетна девојка од Гевгелија прегазена на булевар во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа на булевар во Скопје е прегазена малолетничка од Гевгелија која по ударот со тешки телесни повреди е пренесена во болница.

„Синоќа во 21.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Мајка Тереза“ во Скопје, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(49) од Скопје удрило во малолетничка од Гевгелија. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза““, стои во полицискиот билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.