Малолетна штитеничка падна од четврти кат од Домот „25 мај“

Малолетна штитеничка од домот „25-ти Мај“паднала од четвртиот кат. Несреќата била пријавена во полиција вчера околу 12,30 часот.

Девојчето на возраст од 14 години со возило на итна медицинска помош било пренесено во Ургентниот Центар-Скопје, каде и била укажана лекарска помош и констаирани и биле тешки телесни повреди, скршеници на левата нога на отскочниот зглоб.

Се работи на целосно расчистување на случајот.