Малолетничка силувана во Гевгелија

Во вторникот во 10  часот во Одделението за внатрешни работи Гевгелија, 40-годишна жена од Гевгелија пријавила дека на 23-ти феврауари околу 13 часот во Гевгелија 23-годшниот А.В. од Гевгелија со употреба на сила извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.

А.В бил пронајден и лишен од слобода, а за настанот бил известен јавен обвинител и по негова наредба над оштетената и сторителот биле извршени прегледи во Институтот за судска медицина-Скопје, а бил извршен и претрес во домот на А.В..

По извршените прегледи, А.В. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.