Малолетничка со мопед настрада во судар со „лада“

Малолетничка од Свети Николе тешко е повредена откако во вторникот попладнето управувајќи мопед учествувала во сообраќајна несреќа со автомобил, соопшто Министерството за внатрешни работи.

На 20.10.2020 во 17.15 часот било пријавено дека во Свети Николе на улицата „Маршал Тито“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „лада нива“, со светиниколски регистарски ознаки, со приклучно возило-лесна приколка, управувано од 35-годишниот Б.Б. од Свети Николе и мопед „априлија“, со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетничка од Свети Николе.

Во незгодата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Свети Николе.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.