Малолетничка од тетовско село синоќа била донесена во тетовската Kлиничка болница со повреди од остар предмет и други повреди по телото.
-По преземени мерки било утврдено дека повредите и ги нанела нејзината повозрасна сестра, исто така малолетничка, по нивна претходна расправија и физичка пресметка, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.