Малолетници повредени во сообраќајна несреќа во Битола

На 24.10.2021 во 19.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Широка“ и ул.„Смилево“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Р.(42) од Битола и мопед без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Битола, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а малолетниот сопатник на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила екипа на СВР Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.