Малолетници претепани во автобус на ЈСП

малолетници

Случајот во полиција бил пријавен околу 17.00 часот од страна на диспечерскиот центар на „ЈСП“. Двете 17-годишни момчиња од с.Ормани и од с.Мирковци се превезувале во автобус бр.50 на ЈСП кој се движел од Бит Пазар кон Центар. Во близина на Бит Пазар десетина непознати машки лица, на горниот кат од автобусот, физички ги нападнале, при што им нанеле видливи повреди по лицето и телото.

МВР презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.