Малолетници приведени за поседување марихуана

Тројца помлади малолетници од гостиварското село Дебрешта се приведени изминатата ноќ во гостиварската полиција, откако при претрес кај нив била откриена марихуана.

Во четвртокот вечерта околу 22,30 часот на улицата „Сретко Крстевски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – ОВР Гостивар лишиле од слобода тројца малолетници од гостиварското село Дебреше, на возраст од 15 и 16 години, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.